Приведени двајца крадци во Неготино, го признале делото

Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода К.Р.(21) и Д.Ѓ.(19), двајцата од Неготино.

Тие се сомничат дека на 07.08.2023 на ул.„Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино. Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЗОО Скопје: Коњите во Зоолошка биле отруени со брзоделувачки отров, се проверуваат снимките од камерите
Следна вестСкопјанец ја претепал сопругата и нејзиниот син, а потоа бил агресивен и кон полицајците