Двајца мажи, едниот од гостиварско село, а другиот од Тетово се уапсени вчера, бидејќи ги нападнале своите сопруги. Едниот кршел по дома, додека другиот не ја оставал својата сопруга да излезе од дома.
– Во 16:45 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во месноста „Стража“, го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Н. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 24-годишна невенчана сопруга дека во домот во Гостивар физички ја нападнал и не и дозволувал да излезе надвор.
Полициски службеници на СВР Тетово, пак, околу 23 часот го привеле 64-годишниот тетовец Х.Ј.. Еден час пред тоа тој бил пријавен од неговата 58-годишна сопруга дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неа и ја оштетувал покуќнината, информираат од МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.