Приведени лица за незаконит лов во Македонски Брод

Полициски службеници, по претходно добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело незаконит лов и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, врз основа на судска наредба, денеска извршија претрес на дом и помошни простории кај лицата И. Б. (65), М. Б. (37) и С. Б. (33) во с. Долно Крушје, општина Македонски Брод.

При претресот биле пронајдени и одземени поголема количина месо од уловен дивеч, ловечки пушки и муниција.

Исто така, врз основа на судска наредба бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б. Б. (80), а сè во владение на син му Д. Б. (53) во с. Долно Крушје, општина Македонски Брод, каде што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, поголема количина месо од уловен дивеч и 42 патрона за ловечка пушка.

Приведени биле М. Б. (37) и С. Б. (33). По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестСтана секојдневие: Шест полицајци се нападнати во Скопје, Делчево, Кочани и Македонски Брод
Следна вестМакедонија на чекор од историски пласман на Европско првенство