Вчера во трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници привеле две малолетнички од Тетово и тетовско Селце. Тие биле фатени при извршување кражба во продажен објект.
Украденото било вратено на сопственикот, а малолетничките биле задржани во полициска станица, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.