Вчера во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.
Тие постапувале по претходна пријава дека предизвикале пожар на кров од катна гаража.
-Тие биле затекнати на местото и од нив бил одземен предметот со кој го предизвикале пожарот, соопшти МВР.
Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.