Приведени осум лица по полициската акција во Арачиново

Полициска акција во која се уапсени повеќе лица поврзани со трговија со оружје и дрога е спроведена утринава во скопско Арачиново. За неа преку Фејсбук информира и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Утрово полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице од Св. Николе, напиша во објавата Спасовски.

Од МВР најавуваат детали детали по завршувањето на акцијата.

Ова е една од низата полициски акции спроведени во последниот период.

Претходна вестПротив Финска со Лазаров и Миркуловски
Следна вестДа не се заборави: Две децении од масакрот кај Вејце