Приведени пет лица кои физички нападнале жител од скопско Батинци, му барале пари и му го одзеле возилото

Поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци, соопшти МВР.

Пријавата е поднесена од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал откако завчера во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица.

-Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи. По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ. и Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило, се наведува во соопштението

Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.

 

Претходна вестИнфлацијата во еврозоната достигна 8,1 отсто во мај, ЕЦБ ги зголемува каматите
Следна вестМицкоски: На СДСМ и на ДУИ им треба дефокусирање на вниманието, по барањата на Петков не знам за што воопшто преговараме