Приведени седум лица во штипско. Имено, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистиле 11 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, пет кривични дела „тешка кражба“, две „тешка кражба“ на дрзок начин и три кривични дела „кражба“ извршени на територија на општините Штип и Карбинци. Кражбите се извршени кон крајот на јануари и во текот на февруари годинава.
Како што денеска соопштија од МВР, поради основано сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени лицата А.Ј.(19), Е.Ј.(19), Ш.И.(20), Н.И.(34), Д.М.(34), И.Г.(47) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.
Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.