Приведени сопружници од Скопје   

Сопружници се приведени во полициска станица по инцидент што се случил во Кисела Вода.

МВР соопшти дека денеска (19.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле Б.М.(47) и С.М.(35), двајцата од Скопје.

-Б.М. се сомничи дека физички ја нападнал сосетката М.П.Б.(35) од Скопје, а потоа неговата сопруга С.М. агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, се наведува во соопштението.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

 

Претходна вестВикендов изменет режим на сообраќај во Скопје
Следна вестСпречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада