Три лица од Битола се приведени под сомнение дек аизвршиле кражба, соопшти полицијата.
МВР информира дека на 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола.
-Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник „Суводол“, систем Брод – Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.