Вчера е приведен маж од Студеничани за издржување двегодишна казна затвор. Тој бил однесен во затворот „Идризово“.
– На 17.07.2023 во 21.00 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода А.Ќ.(46) од с.Студеничани.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.