Полицијата го проведе момчето коешто со пиштол-играчка им се заканувало на минувачи во Скопје предизвикувајќи вознемиреност кај нив. Видеото на кое што се гледа како момче вади, репетира пиштол и го насочува кон минувачите на Бит-пазар се појави вчера на социјалната мрежа „Тик Ток“. Тоа предизвика и реакции на граѓаните
Објавувачот на видеото наведе дека пиштолот не е вистински, но реакциите под објавата се бројни. Граѓаните пишуваат дека ова не е единствената локација каде е забележано момчето со вакви закани и бараат итна реакција на надлежните институтции.
Неколку часа подоцна момчето е веќе приведено, а заедно со јавните обвинители докрај ќе се расчистува случајот.
-Откако е прегледано видеото полициските службеници излегоа на терен. Лицето е приведено и станува збор за лице со здравствен проблем. Се работи на расчистување на случајот, изјавија во МВР.