Привршува изградбата на новата и модерна пречистителна станица. Ова е најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро од кој сите ние и идните генерации ќе ги почувствуваме бенефитите, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Средствата се обезбедени од Владата и Амбасадата на Словенија и прашање на денови е кога целосно ќе заврши изградбата на овој капитален објект.
-Заеднички решаваме децениски проблем и го реализираме најголемиот проект за заштита на Дојранското Езеро и животната средина. Очекувам набргу да добиеме нова и модерна Пречистителна станица, која ќе биде ставена во функција на заштита, пред се, на Езерото, напиша Ангов.
Инаку, изградбата на овој капитален објект чини 4,5 милиони евра, од кои околу 60 отсто се обезбедени од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите од Амбасадата на Словенија во нашата држава.
Со парите добиени од словенечката амбасада се изградија и пречистителни станици во селата Фурка и Црничани, како и канализациски систем во Црничани.