Продолжениот празничен викенд ги „мотивира“: 97 возачи казнети за пребрзо возење

Продолжениот празничен викенд како да ги „мотивира“ несовесните возачи да прават сообраќајни прекршоци на подиспразнетите скопски сообраќајници. МВР денеска соопшти дека во текот на вчерашниот дена изречени се вкупно 200 мерки/

-Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, 21 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, се наведува во соопштението.

Изречени се 13 санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВо „Панче Караѓозов“ ќе има и македонска паралелка за гинеколошко-акушерски сестри
Следна вестСекое функционерче има службено возило, а нема возила за Итна помош