Јавното претпријатие Комунална Хигиена продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини.
-Веќе се реализирани активностите во општината Ѓорче Петров, каде што беа подигнати и транспортирани околу130 кубни метри кабаст отпад, како и во општината Карпош, каде што граѓаните одложиле вкупно 170 кубни метри стар мебел и покуќнина – информираат од претпријатието.
Во моментов акцијата се реализира во скопската општина Центар, додека од утре до 20.08.2024 година, активностите ќе се одвиваат во општината Кисела Вода, каде што на четири локации ЈП Комунална Хигиена постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина ќе можат да го одложат својот кабаст отпад.
Локациите каде што се поставени контејнерите наменети за одлагање кабаст отпад се наоѓаат во: УЗ „Населба Драчево“ – на улицата „Бранко Заревски“, број 17 и Паркот на бранителите, УЗ „Кисела Вода“ – улицата „Христо Татарчев“ (главна), наспроти ЈДГ „8-ми Март“, УЗ „Цветан Димов“- улица „Георги Димитров“ (заден влез на СГУ „Васил Антевски Дрен“ и УЗ „Црниче“ – улица „Наум Охридски“, бб (пред УЗ „Црниче“)
Во општина Аеродром, каде акцијата ќе се спроведува од 21.08.2024 до 24.08.2024 година локациите се: на булевар „АСНОМ“, број 68 – реон: населба: Јане Сандански, улица „Коста Новаковиќ“, број 48 (23ти Октомври број 29) – Реон: населба Стар Аеродром, булебвар „Видое Смилевски Бато“, број 19 – Реон: населба: Ново Лисиче и булевар „АСНОМ“, број 5 (кај „Рамстор“) – Реон: населба: Ново Лисиче
Во општина Гази Баба пак, каде акцијата ќе се спроведува од 25.08.2024 до 28.08.2024 година, локациите се на: улица „Маџари“(спроти ресторан „Далиа“, населба Ченто), улица „ Лазар Поп Трајков“ – кај месната заедница „ Автокоманда“, улица „М.А.Ченто“ – кај кај месната заедница „Алија Авдовиќ“ и улица „Благоја Стефковски“ – кај „КАМ“ маркет, населба Триангла.
Во општина Чаир, акцијата ќе се спроведува од 29.08.2024 до 01.09.2024 година, а локациите каде што ќе бидат поставени контејнерите наменети за одлагање на кабаст отпад ќе бидат поставени на следниве локции: раскрсницата меѓу булевар „Цветан Димов“ и улица „Коста Абрашевиќ“, улица „Ферид Мурад“ – до средното училиште „Цветан Димов“, кај Топлана Север, улица „Крсте Асенов“, број 5 (кај контејнерите до чајџилница „Пајтон“) и раскрсницата меѓу улицата „Дижонска“ и улицата „Втора македонска бригада“ (кај контејнерите).
На територијата на општина Бутел акцијата ќе се одвива од 02.09.2024 до 05.09.2024 година, а локациите каде што ќе бидат поставени контејнерите се: Скопје Север (кај „Стокомак“), Бутел 2 – на платото кај џамијата, помеѓу влез 1 и 2 во Радишани и спроти црквата „Свети Јован“( кај трансформаторот) – во Бутел 1.
Во општина Шуто Оризари, акцијата е од 06.09.2024 до 09.09.2024 година, а контејнерите ќе бидат поставени на следниве локции: автобуска постојка на последна 19-ка, спроти затворот, кај „Жуто Лукс“ и на паркингот зад Општина Шуто Оризари.
И на територијата на општина Сарај, акцијата ќе се одвива од 10.09.2024 до 13.09.2024 година, а локациите каде ќе бидат поставени контејнерите се: кај претоварната станица на ЈП Комунална Хигиена, кај Општина Сарај, влезот во Сарај кај стариот мост и во Љубин – улица „10“,