Продолжува седницата за избор на влада

Собраниската седница за избор на влада ќе продолжи во 12 часот. Рокот во кој треба да се изгласа новата влада истекува  на полноќ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги предупреди пратениците навреме да стигнат откако на крајот од вчерашната седница му дофрлија за доцнењето на седницата од приближно еден час.

„Не чепкајте каде што не треба. Нема да дојдете во 12 часот па ќе се лутите“, рече Џафери.

На вчерашната седница мандатарот Зоран Заев ја претстави програмата на владата за следните четири години, а своите ставови ги кажаа и дел од пратениците.

Прв најавен говорник за денеска е Павле Трајанов, а по него се Енви Азири, Марија Петрушевска и Арбер Адеми.

Претходна вестКазнети 415 лица за неносење заштитна маска
Следна вест23 годишен возач со „Ауди“ усмртил велосипедист