Прогласена 8-дневна вонредна состојба во Македонија

Претседателот Стево Пендаровски доцна синоќа донесе нова одлука за утврдување на постоење вонредна состојба во Македонија, во времетраење од осум дена.

Од кабинетот појаснуваат дека вонредната состојба ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите.

Исто така, од таму велат дека одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни.

Политичките партии вчера постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, среда.

-Во таа насока, одлуката за прогласување вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на коронавирусот прогласена од Светската здравствена организација. Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Претходна вест860 лица добиле решенија за изолација, 559 не носеле маски
Следна вестГрадскиот парк стана шеталиште на марихуана, приведени нови четворица скопјани