Променливо облачно и посвежо

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, во западните и јужните делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=7
Утринската температура се движеше од 8 до 18 степени, а дневната ќе биде од 20 до 31 степен
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.
Температурата изутринава изнесуваше 18 степени,а преку ден ќе достигне 30 степени.

 

Претходна вестГир: Најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители е директно мешање во судската власт
Следна вестЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира, постигнат договор со приватниците