Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движеше од -1 до 8 степени, а дневната ќе биде од 4 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата изутринава изнесуваше 4, а преку ден ќе достигне 14 степени.

Претходна вестМостот „Беласица“ се тестираше со шест натоварени камиони тешки 208 тони
Следна вестВечерва на МРТ 1 единствено соочување на сите седуммина претседателски кандидати