Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди

Наутро во оддделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура се движеше од 2 до 8 степени, а дневната ќе биде од 9 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои постепено ќе преминат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.

Температурата изутринава изнесуваше 4, а преку ден ќе достигне 13 степени.

Претходна вестПожар во казино во новиот дел на Велес
Следна вестСе слави Богојавление – Водици, денот на кршевањето на Исус Христос