Во петокот во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе има вредност 7.
Утринските температури се во интервалот меѓу 13 и 21, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат од 23 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 31 степен.