На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.
Утринската температура се движеше од 13 до 17 степени, а дневната ќе биде меѓу 21 и 31 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Температурата изутрина изнесуваше 14 степени, а преку ден ќе достигне 29 степени.