На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Локално, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=7
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево со умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура изнесуваше 17, а дневната ќе достигне 30 степени.
П= 974 хПа, У= 32 %, В= 4 м/с.
(П- притисок, У- релативна влажност, В- средна брзина на ветер)