Променливо облачно со попладневни врнежи од дожд и снег

На подрачјето на Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне претежно во западните делови со повремен дожд на планините од снег. Преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни.

Утринската температура се движеше од 2 до 7 степени, а дневната ќе биде од 11 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, од крајот на денот со повремен дожд. Температурата изутринава беше 4 степени, а преку ден ќе достигне 12 степени.

 

Претходна вестПожар во скопскиот Клинички центар
Следна вестСамит ЕУ – Западен Балкан: Процесот на проширување е базиран на заслуги, но се има предвид и специфичната состојба во Европа