Променливо облачно со повремен пороен дожд и засилен ветер

Празничното утро Во Скопје почна со дожд и ветер. Метеоролозите предвидуваат дека во текот на денот ќе биде променливо облачно со повремен дожд.

Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Претходна вестЕурофарм Пелистер славеше против Алкалоид во Скопје
Следна вестКазнети 193 возачи во Скопје, 86 за брзо возење