Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Утринската температура се движеше од – 10 до – 5 степени, а дневната ќе биде од 1 до 8 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд.

Температурата изутринава изнесуваше – 7, а преку ден ќе достигне 7 степени.

Претходна вестПожар во стан во Ново Лисиче, интервенирале 12 пожарникари
Следна вестЛани во Хрватска работеле 13.412 државјани на Македонија