Во Скопје денеска ќе преовладува променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја – променливо облачно, во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Дневната температура до среда ќе биде без поголеми промени, а од четврток ќе се намали за неколку степени.