На подрачјето на Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно ќе провејува снег.
Утринската температура се движеше од – до 3 степени, а дневната ќе биде од 5 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и во делови од регионот со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата изутринава изнесуваше 0 степени, а преку ден ќе достигне 10 степени.