Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.
Утринската температура се движеше од -1 до 5 степени, а дневната ќе биде од 8 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на околните планини ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензите.
Температурата изутринава изнесуваше 3, а преку ден ќе достигне 13 степени.