Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 26 степени

Во понеделникот во Македонија наутро е посвежо, додека преку денот ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринските температури се движат меѓу 5 и 14, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се искачат од 12 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 22 степени.

Претходна вестМВР со детали: Три возила опожарени во Кисела Вода
Следна вестДеветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките