Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 29 степени

Променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Од попладне, претежно во западните делови од земјата, ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Мималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 12 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 29 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ. Во делови од котлината попладне ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 10 до максимални 28 степени.

Претходна вестОсуденик во Идризово нападнал и силувал друг маж
Следна вестНов земјотрес во Скопје со јачина од 2,9 степени