Променливо облачно, вечерва е можен дожд

Слаба магла го покри утрово скопскиот регион. Се очекува во текот на денот времето да биде променливо облачно, со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во југоисточните делови на Македонија ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени, јави УХМР.

Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 35 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.

Претходна вестВо сообраќајна несреќа загина 25-годишно момче
Следна вестЗагрижувачко: Сообраќајците се поспори во трката со возачите без дозвола