Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, јави УХМР.
Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.