Кампањата „Вози одморен“ денеска беше промовирана на граничниот премин Табановце. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, заедно со директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, го посетија граничниот премин Табановце.
Двајцата министри посочија колку е важно да се вози одморен, да се одбегнат сообраќајните несреќи на патиштата.
-Денес сме присутни на границата сè со цел да дадеме поддршка и да го особено свртиме вниманието на јавноста во насока на превентивната акција којашто ја спроведуваме од двете тела во Македонија и во Србија под наслов „Вози одморен“ или „Вози одморан“. Сметаме дека и тоа како е значајно да се фокусираме сите во превенција на овие несакани настани коишто секако дека настануваат од аспект на жртви итн., особено заради премореност на возачите особено во рамките на летните временски периоди. Сите знаеме дека на лето имаме поголема раздвиженост, сите знаеме дека имаме поголема фреквенција на возила, така што оваа превентивна акција сметам дека и тоа како е потребна се со цел да се намали бројот на жртви којшто го имаме како таков. Му благодарам уште еднаш на министерот Дачиќ за можноста да поразговараме за сите теми коишто се од значење за сите пријателски земји, така што убеден сум дека ќе имаме плодна соработка, кажа министерот Тошковски.
Неговиот српски колега кажа дека го промовираат настанот токму на Табановце на коридорот 10 кој е еден од наоптоварените во моментот, поради огромниот број на туристи, патници кои минуваат тука и не само од Република Северна Македонија и од Србија, туку и од Европа и Азија.
-Се наоѓаме на ова место кој е показател колку ние потребна добра полициска соработка меѓу нашите земји. Ова е место каде се наоѓа интегрираниот граничен премин. Целта на овие активности кога станува збор за граничната полиција е што повеќе да им се олесни на граѓаните преминот на државата граница имајќи го предвид коридорот 10, еден од главните правци за време на туристичката сезона и голем број луѓе не само државјани на Северна Македонија и Србија туку од Европа и Азија поминуваат учествуваат во сообраќајот на трасата. Денеска се наоѓаме овде да помогнеме во промовирањето на акцијата која ја спроведуваат органите задолжени за безбедноста во сообраќајот, кажа Дачиќ.