При извршен претрес на стан во Скопје, полициски службеници пронашле кокаин и дигитална вага, а по претресот ги лишиле од слобода дваесет годишниот А.О. од с.Грчец и В.К. од Гевгелија. И двајцата се во задржани во полициска станица.
– Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.О.од с.Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија. При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага, се вели во извештајот од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.