Починат маж бил пронајден вчера во Охрид. Врз неговото тело немало траги од насилство.
– Вчера во 15.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Гумништа“, атар на селото Брежани, општина Дебрца, бил пронајден починат 60-годишниот Љ.Р. од Охрид, извести СВР Охрид.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено за обдукција.