Темно Режим Светло Режим

Пронајдена дрога во штипско, приведени три лица

Во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип вчера привеле три лица од Штип, кај кои била најдена дрога.

Кај С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), била пронајдена околу еден килограм марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Честитка од Џафери по повод државниот празник 23 Октомври

Следниот Пост

Нов закон во Кина против зависност на младите од онлајн игри, родителите да го организираат времето