Пронајдена дрога во угостителски објекти во Скопје, приведени седум лица

Седум лица се приведени поради поседување на дрога во ноќешната полициска акција. МВР соопшти дека ноќта 16.06./17.06.2022, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица.

-Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода. Kај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана, се наведува во инфорамцијата.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вест181 сообраќајни прекршоци во Скопје, осуммина поминале на црвено светло
Следна вестАприлска статистика: Најмногу нови станови ќе се градат во Гази Баба