Пронајдени гранати од Првата светска војна

Вчера во 14.10 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Ѓ.(30) од с.Обршани пријавил дека при извршување работи во градината на неговиот имот пронашол неиспукани гранати.

Полициски службеници извршиле увид, а пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување констатирале дека се работи за  три минофрлачки гранати Ф-75 германско производство од Првата светска војна.

Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.

Претходна вестВо Кичево фатен дилер на дрога
Следна вестЗајкова: Забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство