Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска пријавила во полиција дека добила закани по својот живот откако пред нејзината гаража пронашла импровизиран кревет и нож.
– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.
Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Зградата во којашто живее претседателката на Уставниот суд е во близина на Министерството за внатрешни работи.