Пронајдени над четири килограми дрога при претрес во Драчево

Синоќа во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Д.А.(27) од Скопје, на подрачјето на Драчево.

При претресот пронајдени се над четири килограми марихуана, 18 пакувања со прашкаста материја (амфетамин) и бела грутчеста материја, соопшти полицијата.

Д.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ по брза постапка.

Претходна вестСудиите Осман Кадриу и Насер Ајдари не се присутни на седницата на Уставниот суд
Следна вестИзбори за двајца нови членови на Судскиот совет