Пронајдено тело во канал на хидросистемот „Брегалница“

Тело на машко лице е пронајдено попладнево во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари.

Според информациите, за да може да се извлече телото на удавениот од каналот бил запрен дотокот на вода од браната Калиманци.

Стручни екипи од полицијата и од Основното јавно обвинителство од Кочани прават увид на местото на настанот.

Претходна вестДвајца скопјани се степаа во казино во Кисела Вода
Следна вестКривична против маж од село Чифлик, со нож ја нападнал вонбрачната партнерка