Просечната плата повторно порасна, во септември достигна 41.585 денари

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во однос на септември 2023 година од 9,8 проценти.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,6 отсто, Преработувачка индустрија за 11,7 проценти и Уметност, забава и рекреација  со 11,4 отсто – соопштуваат од ДЗС.

Податоците покажуваат дека зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,8  проценти, Административни и помошни услужни дејности 5 отсто и Преработувачка индустрија 2,8 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41.097 денари.

Претходна вестТешко повреден велешки основец кој бил давен и удиран во глава од соученик
Следна вестВлада: ЈСП „Скопје“ ќе добие гориво од нафтените резерви