Просечната плата во Македонија стаса до 41.939 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани, соопшти денеска  Државниот завод за статистика. Во соопштенеито се наведува дека ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година.

Претходна вестЈСП „Скопје“ предупредува: На социјалните мрежи се прави измама со електронската картичка „Скопска“
Следна вестУапсени 3 лица во тетовско: Кога полицијата се доближила до возилото, едниот од нив растурил кокаин по патосниците