Протест на кандидатите за полагање испит за директори во училиштата

Кандидатите за директори во образовни установи денес напладне ќе протестираат пред Државниот испитен центар. Се жалат дека иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит за директори на училишта и ученички домови.

Од Државниот испитен центар велат дека постапуваат согласно законот и обуките и испитите за директори се спроведуваат редовно. Последниот испит бил организиран во декември, а следната обука би требало да започне во март.

Инаку, обуките чинат околу 500 евра и доколку не се спроведат во најкус рок кандидатите ќе се жалат и кај народниот правобранител и на меѓународната заедница.

Претходна вестАвстралија утре ги отвора границите по речиси две години затворање
Следна вест202 казнети возачи во Скопје, 90 за брзо возење