На лозарите, кои денеска излегуваат на голем протест им се приклучуваат и овчарите. Велат дека доволно чекале што уште ги немаат земено субвенциите за 2021 година.
Освен субвенциите тие бараат и оставка од министерот за земјоделство, бидејќи лично им ветил дека ќе им бидат исплаќани авансно.
-Субвенциите требаше да се исплатат до април, па до 30 јуни, а веќе сме крајот на август. Сточарите се жалат дека сточната храна е многу поскапена. Политичарите во Македонија треба да мислат малку и на овчарството, или нека кажат дека сакаат целосно да ја уништат оваа гранка, вели за медиумите претседателот на здружението „Агро Центар“, Митко Јанков.