Протест на матичните лекари, се бараат нови закони за заштита на здравствениот кадар

Нови закони за заштита на здравствениот кадар побраа на денешниов протест матичните лекари. Тие денеска од 12 до 16 часот не работат како знак на почит и револт поради тоа што нивниот колега, матичниот лекар Ацо Трповски, беше брутално убиен пред ординацијата каде работел во скопската населба Железара со убоди од нож.

-Денеска во знак на траор, во знак на почит кон колегата кој на грозоморен начин беше убиен на 67 години, матичните лекари од примарното здравство не работат. Ова е за да го подигнеме гласот, да разговараме за нови закони коишто би значеле посилна заштита на здравствениот кадар, каде што казните би биле поригорозни, се со една единсвтена цел да се чувстува безбедно здравствениот персонал, рече таа.

Таа рече дека лекарите очекуваат одговори од надлежните органи во врска со околностите во кои бил убиен нивниот колега, бидејќи, како што додаде, во моментот се чувствуваат небезбедни.

-Ние не знаеме која е причината за убиството, но докторот е убиен во кругот на Здравствен дом, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува. Инаку вака се чувстуваме небезбедни бидејќи сите имаме пациенти кои се психички нестабилни, пациенти кои се зависници, со анксиозно-депресивни состојби, биполарни растројства. Така што навистина сакаме да имаме безбеден регион и безбедна просторија и простор да можете да отидете до својот автомобил, да се вратите, да може безбедно да работите, додаде таа.

Таа истакна дека иако има закон според кој се гони по службена должност за здравствените работници кои се нападнати, сепак, тоа не е доволно.

-Само да стои во закон дека ние сме службени лица, не врши никаква функција. Мора секој здравствен работник, дали е тоа медицинска сестра, дали е тоа доктор, хирург, за примарно, секундарно, терциерно здравство ние за сите колеги сметаме дека ваков чин не треба да се повтори, порача претседателката на Здружението на приватни матични лекари.

Министерот за здравство, Илир Демири нагласи дека за да се намалат овие насилни напади врз здравствените работници неопходно е да се зголемат безбедносните мерки.

-Не знам како друго би можело да се намали влијанието и таквите насилни испади врз здравствени работници, освен во секоја институција да се зголемат безбедносните мерки. И да се подигне свесноста на населението дека здравствените работници се нивни пријатели, нивни слуги. Ова зависи многу од колективната свесност, рече Демири

Претходна вестСе подготуваат решенија за прекин на социјалната помош на оние кои незаконски ја земале
Следна вестТошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата