Протест на пензионерите: Лубеница уште не сме пробале, функционерите покачувањата на нивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот

Поголеми пензии, бидејќи со сегашниве не можат да преживеаат, побараа пензионерите  на денешниот протест во Жена парк во Скопје. Тие побараа зголемување на пензиите од септември за 3.500 денари, а не само за 6 отсто како што најави Владата, бидејќи како што рекоа, функционерите покачувањата на нивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот.

Се уште не пробале лубеница ова лето, а ниту можат да им купат чоколадо на своите внуци, изјавија меѓудругото пензионерите.

– Најмалку 25 илјади денари да биде минималната пензија. Струјата е покачена, парно, вода, телефон се е покачено. За храната да не зборувам. Уште немаме лубеница пробано, а да не зборувам за сирење и кашкавал. На внуците не можеме чоколадо да им купиме. Не може да се издржи месецот, ништо не останува од парите што ги добиваме, вели пензионерката Вера Стојановска која добива пензија од 12.000 денари.

На протестот беа прoчитани барањата за покачување на минималните пензии, а беше упатена и критика кон власта, бидејќи, како што рекоа, функционерите покачувањата на нивните плати го направија брзо, а за пензиите бил долг патот.

Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот.

Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од 17.666 денари се зголеми на 19.150 денари.

Претходна вестИталија воведе данок од 40 проценти за профитот на банките
Следна вестМосква повторно нападната: Два дрона се упатија кон главниот град на Русија, силите за воздушна одбрана ги соборија за 16 минути