Протест на средношколците: Материјалот за полагање матура да биде скратен

Да се намали предвидениот материјал за полагање на државаната матура, побараа денеска матурантите кои протестираа пред Министерството за образование и наука. Во организација на Организацијата за  дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) тие сметаат дека тоа мора да се направи со оглед на тоа низ што се поминале во изминативе години.

– Ние средношколците коишто сме денеска собрани пред МОН заедно со поддршка од студентите, сме тука во однос на матурата која треба да се одржи во мај. Најавено е дека има скратен материјал, но увид во материјалот ние немаме добиено. Нашето барање како матуранти е да биде скратен материјалот за полагање, со оглед на сето она што го поминавме како матуранти овие четири години. Поминавме низ ковид-криза, поминавме нив дојави за бомби, поминавме низ штрајкови на професори коишто ги поддржавме, поминавме низ штрајкови на вработените во ЈСП, што го отежна доаѓањето на учениците на училиште. Сите овие фактори дефинитивно ќе влијаат на полагањето на државната матура, рече рече Алисија Угриновска од ОДАС.

Доколку барањето за намалување на материјалите не биде подрржано, ќе бараат укинување на еден интерен предмет.

Таа најави дека денеска ќе имаат и средба со министерот Јетон Шаќири по  што ќе излезат со заклучоците.

Од Министерството за образование им кажале на средношколците дека веќе имаат скратен материјал за полагање на државната матура, но учениците велат дека немале никаков увид во него.

На протестот се придружија и студентите кои пак бараат зголемување на субвенционирањето на студентскиот оброк на 160 денари дневно, навремено исплаќање на стипендиите и субвенициите и реновирање на студентските домови.

Претходна вестМожеше помирувањето во Македонија да тргне со амнестија за „27 април“, ама…
Следна вестЧурлинов: Имаме сила и ќе дадеме се од себе на квалификациите за ЕВРО 2024