Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Послушниците во РКЕ да поднесат оставки, да се врати старата цена на струјата

Со мотото „Скапа струја, сиромашен народ“, и со транспаренти „Доле влада“, “Заев апаш, тендери лапаш“… најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ со автомобили денеска еден час ги блокира улиците во Центар и влезот на Регулаторната комисија. Ова е втор протест на опозиционерите инициран со неодамнешното поскапување на електрична енергија и други афери за кои ја обвинува власта.

Учесниците на протестот побараа враќање на старата цена на електричната енергија, но и оставки од сите членови на Регулаторната комисија.

-Бараме овие послушници на власта итно да си поднесат оставки и да се донесат професионални и независни кадри кои ќе одлучуваат непристрасно и во согласно со барањата на народот. Нашата битка продолжува, остануваме на улица, затоа што власта очигледно нема слух за граѓанскиот глас. Ќе се бориме со сите демократски алатки што ни стојат на располагање, како и преку институциите, но очигледно Собранието нема капацитет да се собере, каде што можеме да го креме нашиот глас. Затоа продолжуваме од улица. Ги повикуваме и останатите истомисленици, синдикати и обесправени граѓани, порача пратеникот Владо Мисајловски.

Претходна вестВториот бран уште мава: Починаа пет пациенти од вирусот, 142 новозаразени лица
Следна вестГо киднапирале на патарина пред Скопје и го присилиле да им препише „Масерати“